Петра Влхова триумфираше на слаломот во Слјеме со кој традиционално се отвора новата година во сезоната во алпско скијање. До титулата „Снежна кралица“ Словачката стигна со вкупно време од 1:59.08 што беше за пет стоти делови од секундата подобро од второпласираната Австријката Катарина Линсбергер. Подиумот го надополни Швајцарка Мишел Гизин која доцнеше 22 стотинки зад времето на победничката.
Американката Микаела Шифрин на крајот мораше да се задоволи само со четвртото место. Со овој триумф Влхова само ја зголеми предноста во генералниот пласман пред Мишел Гизин и Микаела Шифрин.
Следниот викенд најдобрите алпски скијачки во светот се селат во австрискиот Сент Антон каде на програмата се трките во спуст и супервелеслалом.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА