Селекторот на Ерменија, Олександр Петраков ги искажа очекувањата од натпреварот против Македонија утре на Арената „Тодор Проески“ во Скопје.
Тој кажа дека го гледале мечот со Фарски Острови, и дека неговата селекција Ерменија ја чека тешка задача утре.
„Го гледавме мечот против Фарски острови. Минатата година со вас исто така се сеќаваме. Вие сте добар тим и не можеме да очекуваме лесна победа. Очекувам цврст и тежок меч во кој нијанси ќе пресудат“, изјави Петраков.
Фудбалерот на Ерменија, Андре Калисир рече дека очекува голема борба во дуелот со Македонија.
„Среќни сме по победата над Летонија, но знаеме дека утре не чека тежок меч. Имаме предност во моментов, но секој натпревар е тежок и очекуваме утре голема борба со Македонија за бодовите“, изјави Калисир.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА