Петраков: Очекувам интересен меч, Македонија има многу опасни играчи

Ерменскиот национален тим е веќе во Струмица, каде што се подготвува за утрешниот пријатески натпревар со Македонија. Ерменците исто така ќе го сфатат натпреварот како да е официјален, и сакаат победа од овој натпревар. И тие како и Македонија доаѓаат „ранети“ на овој меч, поради тоа што загубија од Летонија, и се оддалечија доста од Европското првенство во Германија, додека Македонија има само 1% шанси за пласман на првенството, што е речиси невозможна мисија.

Селекторот Александар Петраков кажа дека после натпреварот со Летонија и поразот, успеал да им даде нова мотивација на играчите за овој меч. Смета дека Македонија е опасна селекција, и дека очекува интересен натпревар.

„Сметам дека успеав да ги охрабрам моите играчи со вистинските зборови и сметам дека натпреварот со Македонија ќе биде доста интересен. Ги гледавме натпреварите на Македонија и сметам дека има доста играчи кои може да бидат опасни. Со Милевски селекцијата цело време напредува, не би можел да издвојам имиња, затоа што гледам доста играчи кои би можеле да бидат опасни кон нашиот гол“, рече Петраков.

Наир Тикнизјан кажа дека не постојат пријателски натпревари кога се носи националниот дрес, и дека екипата се подготвува како да е официјален.

„Нема пријателски натпревари кога го носиш ерменскиот дрес, ние се спремивме за мечот како да е официјален, а потоа ни следи доста важен дуел во ноември“, вели дефанзивецот на Ерменија.

Се вчитува...