Македонската репрезентација ја совлада Ерменија на контролниот натпревар одигран во Струмица со 3-1. Можеби не ја надигра во целост, но избраниците на Благоја Милевски ги искористија шансите и дојдоа до убедлив триумф.
Селекторот на Ерменците Олександр Петраков по мечот вели дека добрата игра на Македонија била клучна за тие да играат дефанзивно.
„Беше добар натпревар против одличен тим. Одличната игра на Македонија не натера да играме подефанзивно. Пробавме и со нови играчи во вториот дел, но тоа не беше доволно денеска. Се на се задоволен сум од мечот“, изјави Петраков.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА