Петраков: Подготвени сме да им се реваншираме за поразот во првиот меч

Селекторот на фудбалската репрезентација на Ерменија, Александар Петраков ги искажа своите очекувања од натпреварот против Македонија утре на стадионот „Вазген Саркисјан“ во Ереван. 

Овој натпревар ќе биде „да се биде или не“ за Ерменија, со оглед на фактот дека тие мора да победат и тоа со повеќе од два гола разлика, за да го преземат првото место на табелата. Петраков кажа дека неговите фудбалери се подготвени за реванш.

„Нè очекува добар натпревар. Тоа им го должиме на навивачите. Мора да научиме брзо да ги заборавиме поразите. Но, во претстојниот натпревар се ќе зависи од играчите. Подготвени сме за реванш со противникот, за поразот од првиот меч“, рече тој на прес-конференцијата.

Се вчитува...