Селекторот на Ерменија, Олександр Петраков после мечот ги искажа причините за поразот на неговата селекција во вториот дел во Скопје, и покрај тоа што неговите фудбалери беа повеќебројни на теренот, односно играа 11 против 10.
Ерменија го претрпе првиот пораз во Лигата на Нации, откако во првото коло го совлада тимот на Летонија со убедливи 4-1.
„Што е причината? Можеби тимот беше изморен, можеби поради неконцентрација, можеби поради лошото време. Се обидов да им посочам на играчите како да играат, но вечерва не ги препознавав. Но, ова е фудбал, продолжуваме понатаму и ќе се обидеме во продолжението од Лигата на Нации да освоиме што е можно повеќе бодови“, изјави Петраков.
Петраков кажа дека е срам за Ерменија овој пораз особено што е со играч повеќе.
„Беше срамотно да се загуби со играч повеќе. Јас ја преземам одговорноста за овој пораз. Нема да ги критикувам многу играчите, со оглед дека победија против Летонија и тогаш ги фалевме премногу и нема кај нив да ја барам вината“, рече Петраков.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА