Петровиќ: Честитки на момците за покажаниот карактер

Александар Петровиќ не го криеше разочарувањето што МЗТ Скопје не го комплетираше големиот камбек со триумф на гостувањето против фаворизираниот тим на ФМП.

„Металците“ во драматична завршница претрпеа пораз откако Кефи промаши слободно фрлање за израмнување, но тренерот на МЗТ причината за поразот ја гледа во загубената битка под обрачите.

„Честитки на ФМП за победата, а на мојот тим за покажаниот карактер. Ние успеавме да се вратиме од минус 15 по третата четвртина, дојдовме на еден посед до победата, но немавме среќа. Причината за поразот ја гледам во скок-играта, ФМП имаше дури 12 скокови повеќе и тоа е сегментот на кој ќе мораме да поработиме во наредниот период“, изјави Петровиќ.

Се вчитува...