Александар Петровиќ добро ќе го памети дебито на клупата на Гостивар со кој успеа да го совлада својот поранешен клуб Пелистер со 89-86 приредувајќи големо изненадување во 8. коло од Суперлигата.
Гостивар влезе во натпреварот со само еден триумф во досегашниот дел од сезоната против еден од лидерите на првенството, но покажа храбра и пожртвувана игра од стартот до самиот финиш.
„Сино-белите“ имаа предност од 19-10 по првата четвртина која дополнително ја зголемија на 46-32 на полувремето. Битолчани се разбудија и со серија уште на самиот старт на третата четвртина се вратија на едноцифрена негатива, се приближија и на негатива од само четири поени (76-72) во финишот на средбата, но немаа сили за пресврт во „пенал-завршницата“ во „Младост“.
Абрам постигна 22 поени за Гостивар, додека него го следеше Карахоџиќ со 19. Митревски со 23 поени беше прво име во редовите на Пелистер, додека Малешевиќ додаде 14 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

