Селекторот на бразилската кошаркарска репрезентација Александар Петровиќ смета дека американскиот „Дрим-тим“ од 1992 година бил поквалитетен од денешната селекција на САД.
Светислав Пешиќ неодамна оцени дека сегашниот состав на Америка е посилен од тој од Олимписките игри во Барселона во 1992 година.
„Можам да се согласам со Пешиќ дека ни претстои најсилниот турнир во историјата. Кога станува збор за Барселона, таму беа во фокус три или четири репрезентации, заедно со САД кои беа недопирливи. А сега ние зборуваме за само една или две репрезентации кои тешко дека ќе влезат во зоната за медали во кое било сценарио што да кажеме за групата во која се Канада, Австралија, Шпанија и Грција, а Шпанија е можеби најслабата? сега пет-шест репрезентации сериозно размислуваат за медал за пласман во осминафиналето, сигурни се дека имаат добри шанси за тоа. Меѓутоа, како и обично, не се согласувам со Пешиќ во неговата проценка за квалитетот на репрезентацијата на САД. Без разлика што оваа САД ја сочинуваат најдобрите играчи што ги имаат, тешко дека може да се спореди со 92 година“, изјави Петровиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА