Препукувањата на српскиот селектор Светислав Пешиќ и хрватскиот стартег Александар Петровиќ кој е селектор на Бразил не запираат. Откако Србинот го прозва Хрватот да не се меша во српската кошаркар, туку да си ја гледа хрватската, следеше и одговор од страна на братот на легендарниот Дражен Петровиќ.
Александар Петровиќ му одговори на Србинот преку социјалната мрежа „Х“ (поранешен Твитер) каде напиша:
„А пак јас мислев дека живееме во демократско време па можам да го кажам моето гледање за регионалната кошарка. Па јас живеам во заблуда“, напиша Хрватот.
Несогласувањата на Србинот и Хрватот доаѓаат во погледот кон регионалната АБА лига. Според Пешиќ истата треба да ја напуштат српските клубови, додека Петровиќ ја гледа како спас за целиот регион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА