Тренерот на МЗТ Скопје, Александар Петровиќ, со нетрпение го очекува денешниот дуел со Партизан (16 часот, сала „Јане Сандански“), во кој за ривал на спротивната страна ќе го има Жељко Обрадовиќ.
Јасно е дека „црно-белите“ од Белград ќе ја имаат улогата на фаворити, но во таборот на МЗТ Скопје се надеваат на добро издание и полни трибини, како што доликува на премиерниот домашен натпревар по подолго време во Аеродром во елитното регионално натпреварување.
„Искрено посакувам ова да биде празник на кошарката, ни доаѓа Партизан со најсилен состав во последните десетина години, евролигашка екипа предводена од најдобриот тренер во Европа. Ова ќе биде прв домашен меч и посакувам да видам полна сала и спортска атмосфера на трибините. Јасно ни е каков ривал имаме против себе, но ние немаме намера да се предадеме без борба. Она што ќе биде многу важно е да се обидеме да го одиграме она што ќе го зацртаме, да дадеме се од себе во текот на сите 40 минути. Доколку се создаде можност да се влезе да неизвесна завршница, зошто да не и да се обидеме да победиме. Ова е спорт и во него се случувале и поголеми изненадувања“, изјави Петровиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА