Петровиќ од Челси на позајмица во Стразбур

Српскиот голман, Ѓорѓе Петровиќ, кариерата ја продолжува во Стразбур, со кој договори едногодишна позајмица. Во Челси, под водство на Маурисио Покетино, Петровиќ успеа да се наметне како прв голман и минатата сезона одигра 31 натпревар за сините.

Новиот менаџер Енцо Мареска има нови планови за голманската позиција која ќе ја преземе Филип Јоргенесн кој пристигна од Вилјареал и тоа за Петровиќ беше знак дека е време да бара клуб каде ќе брани.

Сепак, пред да биде договорена позајмицата во Стразбур, која ќе биде комплетирана на крајот од преодниот рок, Петровиќ потпиша нов договор со Челси во кој има подобри услови.

Од Челси сметаат дека одлуката за позајмица е во интерес на српскиот голман и неговиот понатамошен развој.

Се вчитува...