Пред македонскиот претставник во АБА2 лигата, Пелистер е гостински предизвик против екипата на Подгорица во главниот град на Црна Гора, натпревар кој ќе биде одигран во вторник со почеток од 18 часот.
Битолчани на оваа средба влегуваат на крилја на победите во неизесни завршници над Широки Бријег во регионалното првенство и дербито на домашанта сцена против МЗТ Скопје, натпревар на кој повреда заработи центарот Андреја Бојиќ.
Повредата ќе биде проблем за „зелено-белите“, но и покрај тоа тренерот Александар Петровиќ верува во добра игра, надмудрување и добро издание на неговиот тим.
„Одиме во Црна Гора да се надигруваме. Противникот смени тренер, дојде селекторот на Црна Гора и очекувам поинакво издание во периодот кој следи. Ние имаме проблеми со повредата на Бојиќ на натпреварот со МЗТ Скопје, но очекувам добро да ја претставиме македонската кошарка па нека победи подобриот“, вели Петровиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА