Петровиќ по поразот: Им ги дававме топките во раце…

Александар Петровиќ имаше причина за незадоволство откако Пелистер одигра катастрофално во последните осум минути, па од голема предност стигна до пораз од 11 поени на гостувањето во Подгорица (90-79).

„Пелистерци“ речиси седум минути беа без постигнат поен, што беше казнето од противникот кој на крајот се радуваше на својата прва победа во АБА2 сезонава.

„Честитки до Подгорица за победата, навистина неверојатен пресврт во последните минути. Четвртиот фаул на Едвард ни направи проблеми, морав да направам измена, по што несвојствено загубивме пет топки. Буквално им ги дававме топките во раце за да даваат лесни кошеви, неверојатен пад во последните три минути… Резултатот не е реален, 30 минути функциониравме без грешка, но тоа е составен дел од кошарката, одиме понатаму… Ќе се бориме до крајот во АБА2“, истакна Петровиќ по мечот во Црна Гора.

Се вчитува...