Петровиќ: Скапо не чинеа грешките во второто полувреме

Алекандар Петровиќ во повратничкото деби на клупата на Пелситер не успеа да го донесе долгоочекуваниот трофеј за битолчани во мак-баскетот. „Зелено-белите“ загубија од МЗТ Скопје во Суперкупот со драматичен натпревар во кој победникот беше одлучен во второто полувреме.

Искусниот стратег причината за поразот ја најде токму во играта во вторите 20. минути во кои вели дека пресудиле лесно примените поени при падот на концентрацијата.

„Во првото полувреме одигравме како што се договоривме и тогаш имавме водство. Во вториот дел дојде до пад во играта и концентрацијата, особено во одбраната каде дозволивме да примиме лесни поени, не направивме фаули во вистинско време и тука ги гледам причините за поразот. Им честитам на играчите на МЗТ Скопје, денеска беа подобри од нас. Ова е почеток на сезоната, во вторник нė очекува дуел со Широки Бријег и се насочуваме кон тој меч“, вели тренерот на Пелистер.

Се вчитува...