Куманово немаше сили за изненадување на дуелот со Работнички, па на тренерот Александар Петровиќ не му преостана ништо друго освен по мечот да му го честита триумфот на поквалитетниот противник.
„Без оглед на тоа дека нам ни недостасуваат неколку играчи во ростерот, сепак Работнички во моментов е поквалитетен тим. Ние и со главите не бевме денеска овде на Куп-натпреварот. И честитам на екипата на Работнички, тоа што ние го прикажавме на терен најверојатно во моментов е нашиот максимум. Одиме понатаму, ќе се концентрираме на натпреварите од Супер лигата“ – истакна Петровиќ.
Во таборот на Работнички владееше задоволство од рутинската победа, што им овозможи на „црвено-белите“ и да сочуваат дел од силите за утрешното полуфинале.
„Во натпреварот влеговме максимално. Не се подготвувавме за ниту еден противник освен за Куманово. Планот ни беше да одираме максимално, да направиме разлика па после колку можеме да се одмараме. Мислам дека добро го изменаџиравме тоа“ – изјави Бобан Стајиќ, еден од најдобрите во екипата на Работнички на денешното четврт-финале.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА