Петровиќ: Во Битола по титула…

МЗТ Скопје со предност од 2-1 во победи патува за Битола, каде „металците“ денеска со почеток во 18.30 часот ќе ја имаат првата меч-топка во трката за титулата.

Првиот дуел во „Боро Чурлевски“ заврши со триумф на Пелистер по продолжение од пет минути, но тренерот Александар Петровиќ и неговите избраници се решени да не дозволат ист исход и на денешниот дуел.

„Јасно е дека наша желба е да славиме на денешниот натпревар и да стигнеме до титулата. Најважно од се ќе биде да не подлегнеме на притисокот на публиката, да го одиграме она што го знаеме и што го трениравме во изминатиот период. Важно ќе биде одбраната да ни биде на ниво и скокот да функционира, со тоа би дале и повеќе лесни поени на спротивната страна. Нема да биде лесно, но подготвени сме за овој натпревар и мотивирани да го освоиме трофејот“, изјави Петровиќ во пресрет на денешниот натпревар.

Се вчитува...