Македонските пливачи имаа солиден настап во денешните квалификации на Светското првенство во 25 метарски базени кое се одржува во Абу Даби. Ева Петровска го освои 38. место од вкупно 48 пливачки на 400 метри слободно.
Таа делницата во базенот во Абу Даби од 400 метри ја исплива за време 4:26.38 минути што е далеку послабо од нејзиното најдобро време. Вториот македонски претставник денеска во базенот Стефан Цветкоски го освои 61. место на 50 метри пеперутка, со време од 26.12 што беше за скоро пола секунда послабо од неговото најдобро време.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА