Фени индустри беше тивок во досегашниот дел од летото, но, по Предраг Пајиќ кавадеречкиот клуб успеа да осигура уште двајца домашни играчи да останат во тимот за наредната сезона. Станува збор за Јане Петривски и за Горјан Марковски, двајца играчи кои лани со успех настапуваа во дресот на Фени, а денеска ги договорија условите за продолжување на соработката за уште една сезона.
Фени е во исчекување на одговор од Андреј Магдевски кому исто така му беше понуден едногодишен договор, а во следниот период се очекува и ангажман на првите странски засилувања.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА