Петровски: Македонија беше најмлада селекција на ЕП, девојките дадоа се од себе…

Јуниорската женска репрезентација на Македонија го освои 18. место на Европското Првенство – Б дивизија, што во претходните десетина дена се одржуваше во Литванија.

Селекторот Виктор Петровски го потенцираше фактот дека Македонија настапи со убедливо најмлад ростер на овој шампионат, сметајќи дека токму ова искуство ќе биде драгоцено за да се стигне до подобри резултати во иднина.

„За разлика од другите репрезентации, игравме и со најмлад тим на првенството. Две кошаркарки имаат по 15. години, некои се на возраст од 16.години. Противниците беа, реално, физичко подоминантни во однос на нас. Покажавме добри игри, без оглед на резултатите, јас немам никакви забелешки. Задоволен сум од процесот, задоволен сум од сите кошаркарки, дадоа се од себе за дресот на Македонија, и нè направија горди“- истакна Петровски.

Останува тагата што не беше забележана барем уште една победа на овој шампионат.

„Мислам дека реално, можевме да имаме уште некоја победа. Но ако тргнеме од почетната ждрепка, и групата која беше исклучително тешка, ако се земе в предвид на пример, дека две селекции од истата, Германија и Шведска, го играа големото финале на првенството, беа наши ривали во првата фаза, која го одредуваа понатамошниот тек на настаните на еден турнирски систем на натпреварување, ова е некоја наша реалност“ – смета селекторот на нашите јуниорки.

Се вчитува...