Откако не успеа да избори нова прволигашка сезона, односно загуби во баражот од Радовиш во последната секунда од мечот, тренрот на Еурофарм Пелистер 2 Михајло Петровски си поднесе оставка.
Раководството на битолчани ја прифати оставката, и тој повеќе нема да ја извршува функцијата тренер на вториот тим на „пелистерци“. Наскоро ќе биде објавен и неговиот наследник.
„Михајло Петровски си поднесе оставка од функцијата прв тренер на Еурофарм Пелистер 2 , која управата веднаш ја прифати Еурофарм Пелистер 2 му посакува многу успех на Михаилјо во иднина!“, стои во соопштението на битолскиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА