Петрушев доби отказ во НБА и дефинитивно се враќа во Европа

Српскиот репрезентативец Филип Петрушев имаше кратка епизода во НБА. За само еден месец откако се пресели во Сакраменто, остана без ангажман и сега е блиску да се врати во Европа.

Согласно најавите, Олимпијакос ќе биде новиот клуб на Србинот. Освен за Сакраменто, Петрушев играше и за Филаделфија и за ЛА Клиперс.

Тој одигра само два меча во дресот на Сакраменто. Петрушев играше во Црвена Звезда, Анадолу Ефес и Мега. Беше дел од селекцијата на Србија која освои сребро на последниот Мундијал оваа година.

Се вчитува...