Петрушев: Многу сакав да се вратам во Звезда, тоа ќе беше најдобро, но …

Филип Петрушев долго беше во фокусот на европската кошаркарска јавност откако Црвена Звезда тргна во офанзива за негов потпис. Српскиот центар не ја криеше желбата да се врати во стариот клуб, дури и раководството на Олимпијакос беше подготвено да разговара за позајмица, но ситуацијата целосно се промени откако се повредија Милутинов и Фол, па „црвено-белите“ од Атина решија да го задржат Петрушев.

Српскиот репрезентативец во разговор за грчката телевизија „Нова“ се осврна на случувањата од летово, не криејќи дека самиот барал да му биде дозволено да се пресели во Црвена Звезда.

„Летото ми беше одлично, освоив бронза на ОИ, но наредните месец дена бев во незгодна ситуација, не знаев дали ќе отидам во Црвена Звезда или ќе останам во Олимпијакос. Желбата ми беше да заминам, пред се поради фактот дека сакав да продолжам да играм по 20-30 минути како што тоа беше случај на ОИ во Париз. Како млад играч, за мене е најважно да играм што повеќе и да напредувам. Веќе имав една сезона во Ефес во која не играв, тоа скапо ме чинеше и не сакав да ми се повтори истото. Тоа е суштината, јас го сакам Олимпијакос, клубот, навивачите, градот… требаше да заминам, но за жал повредите го сменија планот и трансферот не се реализираше. Нема лутење, јас сум професионалец и фокусиран сум на предизвиците пред Олимпијакос“, изјави Петрушев.

Се вчитува...