Петрушев: Сакам што поскоро да се вратам во НБА

Српскиот кошаркар Филип Петрушев изрази желба да се врати во НБА лигата.

Актуелниот кошаркар на Црвена звезда во сезоната 2023/24 замина во САД, но не издржа долго. Тој во најсилната кошаркарска лига во светот одигра вкупно само три меча во Филаделфија и Сакраменто.

„Би сакал да се вратам во НБА и тоа, ако е можно, што поскоро. Секогаш е подобро и за сите и за мене да одам таму порано, отколку да се случи тоа во доцните играчки години“, изјави Петрушев.

Се вчитува...