Кратко ќе трае авантурата на Филип Петрушев во НБА-лигата откако неговиот агент веќе почна преговори со неколку заинтересирани клубови за да го вратат српскиот центар во Евролигата.
Петрушев беше избран на драфтот од Филаделфија, но веднаш беше испратен во ЛА клиперс, од каде еден ден подоцна беше трејдуван во Сакраменто. Стручниот штаб на „кралевите“ не смета сериозно на Србинот и веќе ја отворило вратата за негово заминување, а Петрушев според последните информации е многу блиску до камбек во Европа.
Грчки Олимпијакос е тимот во кој овој кошаркар би требало да ја продолжи кариерата, тренерот Барцокас вчера најави две нови засилувања во блиска иднина, од кои првото би требало да биде токму Петрушев. „Црвено-белите“ од Атина се во потрага по нов висок играч по заминувањето на Везенков, со повреди се мачи и Никола Милутинов, поради што е неопходен уште еден висок играч како поддршка за Мустафа Фал.
Желбите на Олимпијакос се Србинот да потпише до крајот на овој месец, и тоа договор на најмалку 18 месеци, но останува да се види дали овие најави ќе бидат реализирани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА