Петрушев: Возбуден сум што сум дел од проектот Дубаи

Српскиот кошаркар, Филип Петрушев денеска и официјално беше претставен како кошаркар на Дубаи.

Освојувачот на светското сребро и олимписката бронза со Србија, потпиша повеќегодишен договор со учесникот во Евролигата и АБА лигата.

„Здраво навивачи на Дубаи, возбуден сум што сум тука и што сум дел од овој нов проект. Едвај чекам да започнам и да ве видам во „Кока Кола арената“, изјави Петрушев. 

25-годишникот се раздели од Олимпијакос, но поголемиот дел од претходната сезона го помина како позајмен играч на Црвена Звезда, во која беше најдобар стрелец.

Се вчитува...