Пецаковски потпишува за Пролет

Пролет осигура уште едно големо засилување за наредната натпреварувачка сезона откако ги договори условите за соработка со Дејан Пецаковски. Искусниот бек беше слободен играч по заминувањето од Металург, на маса имаше неколку понуди, но на крајот се реши да остане во Скопје и за првпат во кариерата да го облече дресот на Пролет.

Тренерот Матлиески беше во потрага по засилување за бековската линија, опции беа и неколку ракометари од странство, но на крајот изборот падна врз поранешниот македонски репрезентативец. Пецаковски во текот на денешниот ден би требало да го стави потписот на едногодишниот договор со Пролет, со што ќе стане второ засилување на овој суперлигаш, по ангажманот на Давор Палевски од Работнички. Со ангажманот на екс-репрезентативецот Пролет добива не само опција плус во нападот, туку и огромно засилување во играта во дефанзива.

Пецаковски во кариерата има настапувано за Металург, Вардар, Зомимак М, Работник, а пред неколку години имаше и кратка авантура во Тунис, како член на Клуб Африкан.

Се вчитува...