Искусниот македонски ракометар Дејан Пецавоски е новото засилување на Металург. Пецаковски потекнува од младинската школа на Пелистер, но ова за него ќе биде дури четврти пат како ќе го носи дресот на поранешниот шампион на Македонија, откако тој во Автокоманда настапуваше и во сезоните 2005/06, 2007/08 и 2013/14.
Договорот кој денеска беше потпишан е во траење од една година. Покрај Пелистер и Металург, тој во кариерата беше дел и од екипите на Вардар и Макс Струмица.
Пецаковски е седмото засилување на Металург за претстојната сезона, откако претходно потпишаа и Лука Вујовиќ (пикер), Милан Поповиќ (лево крило), Равез Чантурија (десно крило), Маријан Мариќ (лев бек), Иракли Кбилашвили (централен бек) и Даниел Ѓоргески (голман).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА