Британецот Луис Хамилтон стигна до петтата шампионска титула во Формула 1, откако заврши на четвртата позиција на трката за Големата награда на Мексико. Тој се израмни со легендарниот Хуан Мануел Фанџо, кој има пет шампионски достигнувања во светот на брзините.
Хамилтон одлично ја стартуваше трката и дојде до втората позиција, веднаш зад Рикиардо, но возеше мудро, не сакаше многу да ризикува и во 14. круг замина во боксот за да смени пневматици. На патеката се врати како петтопласиран и до крајот на трката рутински возеше до нова шампионска титула. На крај заврши на четвртото место, откако лидерот Рикиардо во финишот излета од патеката.
Првото место на трката во Мексико му припадна на возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, зад кого заврши тандемот на Ферари, Себастијан Фетел и Кими Раиконен.
На две трки до крајот од сезоната, Хамилтон има и теортски недостижни 64 бода повеќе од еднинствениот конкурент за титула, Себастијан Фетел. И минатата сезона, Британецот трофејот го потврди на трката за големата награда на Мексико. Хамилтон е само третиот во историјата со пет титули.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА