Ник Калатес (Панатинаикос), Нандо де Коло (ЦСКА Москва), Лука Дончиќ (Реал Мадрид), Торнике Шенгелија (Басконија) и Јан Весели (Фенербахче) најдоа свое место во најдобрата петорка во кошаркарската Евролига за сезоната 2017/18. Во гласањето за изборот на најдобрите учествуваат навивачите, како и акредитираните новинари. Според првичните реакции, ваквиот избор е сосема очекуван ако се земе в предвид учинокот што овие петмина играчи го имаат за нивните клубови во текот на актуелнава сезона.
Во однос на минатата година во петорката на сезоната се враќа Нандо де Коло откако со апсолутен авторитет ја предводеше ЦСКА Москва до петнаесеттиот Ф4-турнир во последните 16 години. Дебитанти во тимот на сезоната во Евролигата се Дончиќ, Калатес и Шенгелија.
Во најдобрата петорка за сезоната немеше место за првиот стрелец во европската кошаркарска клупска елита, Алексеј Швед.
—————————————————————————————————————————————-
Комерцијално видео
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА