Петтолигаш го тера Бејл да му се врати на фудбалот!?

Тимот на велшкиот тим Врексам има одлична сезона, и идната сезона ќе игра во Лига 2 (четврта по ранг лига во Англија). Еуфоријата отиде до таа точка што еден од сопствениците на клуботи, Роб МекЕлени на духовен начин се обиде да го убеди Герет Бејл да се откаже од пензијата и да се врати на зелените терени и тоа во дресот на Врексам.

Холивудските ѕвезди МекЕлени и Рајан Рејнолдс го купија овој клуб во 2021 година, и оваа сезона вложија сериозни пари за да го осигураат промоцијата во повисок ранг. Се оствари ли по некое чудо сонот за враќање на Бејл на теренот, тогаш ќе мора подлабоко да „брцне“ во џебот.

Бејл се повлече од фудбалот веднаш после Мундијалот во Катар, односно во јануари оваа година, само седум месеци откако замина во МЛС лигата. Во пензија е посветен повеќе на голфот, а неодамна на „Твитер“ испрати честитка за пласманот во Лига 2.

„Роб, ти честитам на пласманот во повисок ранг и за се што работиш со Врексам“, напиша Бејл.

Навивачите веднаш упатија надежи дека Бејл ќе ја прифати понудата и ќе игра за овој клуб.

Се вчитува...