Пливачката федерација на Македонија одржува итен сотанок на Управниот одбор за случајот Евгениј Поп Ацев. Ставот на ПМФ, како што најавуваат ќе го изнесат во соопштение. Бурата околу Поп Ацев се крена кога стана јасно дека го нема на стартните листи за трките на отворени води на Европското првнество во пливање во Глазгов.
Објаснувањето од Федерацијата е дека имало прелиминарна пријава, но дека Поп Ацев не бил прифатен како учесник, поради ограничената бројка натпреварувачи кои биле селектрани по постигнатите резултати.
Од друга страна, Евгениј Поп Ацев пак вели дека се изненадил кога сфатил дека неговото име го нема на стартните листи.
„Не ме пријавиле на Европското првенство или како што велат не ме примиле. Квалификуван сум од февруари и ми беше кажано дека учествувам, имав посебни подготовки токму за настапот на овој шампионат. Тоа требаше да биде врв на оваа сезона и еве тука два дена пред трка дознавам дека ме нема на стартна листа. Прашајте ги Маленко и Стефановски за објаснување зашто јас и никој нормален не знам што точно се случи“ – изјави Поп ацев за ЕКИПА.
Поп Aцев требаше да се појави на трките на 10 километри и на 25 километри на отворени води на ЕП во Глазгов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА