ПФМ за „случајот Поп Ацев“: Македонија мора да расчисти со лажните пливачки величини!

Пливачката федерација на Македонија во официјално соопштение, објавено по итната седница на Управниот одбор, ги отфрла обвинувањата дека не го пријавила Евгениј Поп Ацев за учество на трките на 10 километри и на 25 километри на отворени води на Европското првенство во Глазгов.

„Во врска со медиумскиот случај “Поп Ацев” и Европското првенство во Глазгов 2018 година, ПФМ ќе каже следно:

– прелиминарна пријава имаше уште на крај на месец април за тројца пливачи и две
официјални лица

– Конфирмација (потврда) не добивме, како би пратиле финална листа на учесници, затоа
што од 07.06.2018г. до 31.07.2018г., ПФМ немаше право да користи сметки, печат,
службен e-mail кој беше замрзнат заради чекање на конечна одлука од второстепена
комисија по жалба за тоа – кој е легитимен претседател и раководство на ПФМ.

– Од 31.07.2018г. до 06.08.2018г. секојдневно беа испраќани e-mail за добивање
конфирмација само и исклучиво за Евгениј Поп Ацев за трките 10км и 25км и барање за
негово учество, телефонски разговори, за што на крај добивме официјален одговор во
кој се вели дека Евгениј Поп Ацев “is not eligible to compete on European Championship
Glasgow 2018″……“ – стои во соопштението од ПМФ. 

Во продолжение од ПМФ објаснуваат дека биле направени дополнителни напори за учество на Поп Ацев на Европското првнество, но дека потврден одговор не бил добиен. Продолжуваат до детално објаснување на резултатите на Поп Ацев во оваа година и уште велат дека му било овозможено да добива олимписка стипендија како потенцијален кандидат за трката на 10 километри на Олимписките игри во Токио во 2022 година.

„Македонија мора да расчисти со лажни слики на величини создавани во последната декада, ако сака да има врвен спортски резултат во пливање и секој Олимписки спорт! А за оставка на раководството, кои некои исфрустрирани личности ја посакуваат, само за да продолжи бесплатната фамилијарна обиколка по светот и во хаосот да продолжи да ги користи сите удобности од државните институции, ПФМ, МОК со поддршка на одредени медиуми и спортско неинформирани новинари нема да добијат. Оставка ќе поднесеме секој момент, кога до нас со факти и докази ќе пристапат сите талентирани пливачи, нивните тренери дека барем една запирка од зацртаната програма усвоена од АМС (до ден денешен нема префрлено денар за истата), и МОК не сме ја исполниле“ – се вели во завршниот дел од соопштението.

 

 

Се вчитува...