Брегалница и Академија Пандев денеска го отвораат 12. коло во ПМФЛ. Во Штип дуелот е од исклучително важен и за двата тима, кои се наоѓаат во лоша серија од пет натпревари без победа. Штипјани се со три порази и две ремија, а полоша е серијата на Академија Пандев која е со четири порази и едно реми во последните пет натпревари. Ниту „кам-бекот“ на клупата на Васоски не придонесе да се смени нешто кога станува збор за резултатите на струмичани.
Штипјани во последните два меча на домашен терен има исто толку порази, со три и повеќе примени голови, меѓутоа сезонава во Штип „паднаа“ Шкупи и Македонија ЃП, а Илчо Ѓорѓиоски сега ќе треба да ја најде победничката формула како Брегалница да се врати на победничките патеки.
Академија Пандев, пак, на последните три гостувања не знае за победа, и никако екипата да фати победнички ритам во првенството. „Академците“ на последните пет меча на секој примаат барем по еден гол, а последен пат триумфираа во август кога ја совладаа екипата на Скопје со 3-0 како домаќини.
Инаку првиот меч меѓу овие два тима на 7. август одиграа интересен натпревар, на кој со пресврт триумфот го однесе штипска Брегалница со 1-2.
11. КОЛО
Штип: БРЕГАЛНИЦА – АК.ПАНДЕВ (14:00)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

