ПМФЛ: Лидерот на тешко гостување во Кратово, Кавадарци го чека шампионот

Првата лига на Македонија продолжува денеска со вонредно 12. коло во кое се очекуваат неколку интересни и возбудливи натпревари. Ова е почеток на вториот од трите круга во сезоната.

Најинтересно денеска ќе биде во Кратово, каде што одличниот тим на Силекс го пречекува уште подобриот тим на Работнички. Играат третопласираниот против првопласираниот тим. Двете екипи (не)очекувано се при врвот на табелата, и нивната пресметка ќе може многу да одлучува во битката за титулата. Работнички во моментов е на врвот, а „романтичарите“ пропуштија голема шанса дополнително да се одлепат минатото коло, кога одиграа само без голови против Вардар. И двата тима се во одлична форма пред нивната меѓусебна пресметка.

Струга ТЛ во изминатите сезони кога ја освојуваше титулата, знаела да загуби во Кавадарци. Игра против тим кој цели девет кола не знае за победа во Првата лига. Но, и Струга ТЛ не блеска сезонава, а шампионот ако сака одбрана на титулата, ќе мора да почне една долга успешна победничка серија.

Шкендија на свој терен ја пречекува БЕСА, и важи за голем фаворит во овој дуел. Фаворит е и Гостивар во дуелот со Пелистер, како и Шкупи во мечот против Воска Спорт.

Вардар на свој терен ја пречекува екипата на Брера. Секој натпревар за „црвено-црните“ е од големо значење во битката за опстанокот. После серија на порази, Вардар се крена со победата во Купот, како и со бодот против лидерот Работнички, па во поволна атмосфера го очекува мечот со струмичани, кои се „ранети“ после убедливиот пораз од Гостивар. Воедно, ова ќе биде прв меч на тренрот Горазд Михаилов против неговиот поранешен тим.

ПМФЛ, 12. КОЛО

ДЕНЕСКА 13:00 ЧАСОТ

Скопје, стадион Борис Трајковски: ГОСТИВАР-  ПЕЛИСТЕР

Тетово: ШКЕНДИЈА – БЕСА

Кратово: СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ

Кавадарци: ТИКВЕШ – СТРУГА ТЛ

Скопје, нац. Арена: ВАРДАР – БРЕРА

Охрид: ВОСКА СПОРТ – ШКУПИ

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...