ПФМЛ: Струга ТЛ против „ранетите лавови“, Шкупи мора да победи против Работнички

Лидерот во Првата македонска фудбалска лига Струга Трим и Лум по големата победа во дербито против Шкупи во средата, на домашен терен против Македонија Ѓорче Петров ќе се обиде да ја продолжи позитивната серија со новиот тренер Шпетим Дуро. Од друга страна „лавовите“ се разделија со Муарем Бајрами по слабиот старт на пролетниот дел од сезоната.

„Против Македонија Ѓ.П како екипа очекувам да гo дадеме максимумoт, да ја одиграме нашата игра која ја знаеме и да не промaшуваме премногу шанси, како што се случи на последниот натпревар против нив, кога не можевме да постигнеме голови ни од пенал. Атмосферата во тимот е многу добра, особено по таа голема победа над Шкупи, па веруваме дека ќе продолжиме со нови победи“, вели фудбалерот на стружани Христијан Малески.

Актуелниот шампион Шкупи по тешкиот пораз во Струга на домашен терен мора да стигне до победа против Работнички. Интересно се очекува да биде на мечот меѓу Шкендија и Академија Пандев, а денешната програма ќе ја затвори мечот во Штип меѓу одличната Брегалница и Победа која со една нога веќе е во ВМФЛ.

ПРВА ЛИГА 23. КОЛО: 

БРЕГАЛНИЦА – ПОБЕДА 

ШКЕНДИЈА – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ

ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ 

СТРУГА ТЛ – МАКЕДОНИЈА ЃП 

ВЧЕРА: СИЛЕКС – СКОПЈЕ 1-0 

Се вчитува...