ПФСМ: Охрид ќе биде центарот на пливачките случувања

Балканското младинско првенство во далечинско пливање кое ќе се одржи од 9. до 11. август преку ЛЕН Купот на отворени води, потоа Охридскиот маратон и 10-километарската трка од Гран-при светската серија се натаните кои во следниов период ќе се одржуваат во Охрид и сто тоа нашиот туристички центар го има приматот на град со најмногу настани во водени спортови велат од Пливачката федерација на северна Македонија.

„Пливачката Федерација на Северна Македонија ве известува дека во месец Август 2019год. во Охридското езеро како никогаш досега ќе се одржат спортски настани од светска категорија со севкупно преку 300 учесници и присуство на сите најуспешни пливачи на официјална FINA ранг листа (Олимписки и Светски прваци), со што според FINA (Светската пливачка федерација), градот Охрид е прогласен за град со најмногу спортски настани во водените спортови во светот, што е уште еден доказ за успешната професионална работа на ПФСМ“ – стои во соопштението во ПФМС.

Спортските настани ќе се одвиваат со следниот распоред:

9-11.08.2019г. Балканско младинско првенство во далечинско пливање
кружна патека, Градски кеј х. Royal View – Охрид

18.08.2019г. LEN Cup Open Water Leg 4 10км (Европски куп во далечинско пливање)
кружна патека, Градски кеј х. Royal View – Охрид

24.08.2019г. FINA Ultra Swim Marathon Series 25km – Ohrid
патека: “Климе Савин” 25км
старт: 12.00ч. Св. Наум
цел: Градско пристаниште – Охрид

28.08.2019г. FINA CNSG Grand Prix World Series 10km (финална трка)
кружна патека, Градски кеј х. Royal View – Охрид

Се вчитува...