Одбојкарската репрезентација на Хрватска го освои првото место на Ф4 турнирот во Сребрената Европска лига што изминативе два дена се одржа во Скопје. Второто место им припадна на Белорусите, а на третата позиција на пиедесталот застанаа Летонците. Тие во малото финале ја совладаа Македонија, која синоќа загуби и од Хрватска во полуфиналето.
Наградите се доделија, а на пиедесталот ги немаше Македонците. Вистинска штета, со оглед на фактот дека ги имавме „во џеб“ шампионските Хрвати, но не го крунисавме водството од 2-0 во конечна победа. По низата сребрени медали, годинава сите се надевавме на злато, но наместо оној посакуван чекор напред за жал направивме два наназад, па денеска на пиедесталот во„СРЦ Кале“ ги немаше „македонските спартанци“. Единствено Дарко Ангеловски доби награда за најдобро либеро…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА