Фудбалската репрезентација на Македонија во сабота во чешка Прага ќе и гостува на репрезентацијата на Украина во натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство кое следната година ќе се игра во Германија.
Младиот фудбалер на Украинците Олександр Пихаљонок вели дека многу добро знаат против кого играат и дека мора да одиграат максимално како би ја победиле Македонија.
„Интензивно се подготвуваме веќе неколку денови. Ги анализравме последните мечеви на Македонија, така да сметам дека сме максимално подготвени. Тој е тимот на Македонија, како и на последните мечеви. Ние игравме пред неколку месеци во Скопје со таа селекција и знаеме против кого во сабота ќе ги одмериме силите. Ова е многу важен меч, треба да се одигра максимално. Планот е да се победи Македонија, сакаме шест бода во овие два меча во октомврискиот циклус“, изјави Пихаљонок.
Натпреварот кој ќе се игра во Прага поради инвазијата на Русија над Укрина е закажан за во сабота во 15 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА