Оскар Пијастри успеа да врзе две победи во серија во Формула 1 шампионатот откако возачот на Мерцедес славеше на денешната трка за ГН на Саудиска Арабија. Тој извозе одлична трка, максимално користејќи ја грешката на Макс Ферстапен кој беше казнет за нелегалниот маневар уште во првиот круг.
Ферстапен тргна од пол-позицијата, но светскиот првак во обид да се задржи на чело на колоната за момент скрати од патеката. По прегледување на случајот тој беше казнет со пет секунди казна, па асот на Ред Бул по одлежувањето на оваа казна се врати како второпласиран на патеката. Иако успеа да ја намали разликата во однос на Пијастри, тој немаше можност да се врати на чело на колоната, па Ферстапен на крајот мораше да се задоволи само со второто место.
Третопласиран на денешната трка беше Шарл Леклер со Ферари, пред Норис, Расел, Антонели, Хамилтон…
Пијастри со оваа голема победа се искачи и на првото место во генералниот пласман со 99 бода, пред Ландо Норис со 89 и Макс Ферстапен со 87 бода на своето салдо во досегашниот дел од сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА