Пијастри презадоволен: Пред година и пол бевме на дното, сега сме на врвот

Австралискиот возач Оскар Пјастри ја забележа втората победа во кариерата во Формула 1 шампионатот откако триумфираше на Големата награда на Азербејџан.

Со новиот успех неговиот тим, Мекларен го превзема првото место во шампионатот за конструктори и во моментот има 20 бода повеќе од доскорешниот лидер Ред Бул па Пијастри не го криеше задоволството од личниот, но и од клупскиот успех.

„Ова е дефинитивно една од најдобрите трки во мојата кариера. Со оглед на тоа каде бевме кога се приклучив на тимот минатата година, бевме последни и сега водиме во шампионатот. Секоја чест за целиот тим за пресвртот во последните 18 месеци, а јас поради нив напредував ова е огромен тимски напор и возбуден сум да видам што носи иднината“, рече Пјастри.

Се вчитува...