Ракометарите на унгарскиот Пик Сегед ја забележаа и третата победа сезонава во Лигата на шампионите откако вечерва славеа на гостувањето кај хрватскиот шампион ППД Загреб со 30-35 во меч од 4. коло.
Унгарците фуриозно го почнаа првото полувреме, па веќе на пауза имаа голема предност од седум гола (12-19). Во вториот дел тие само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечни 30-35.
Maрио Соштариќ со девет гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените недоволни беа осумте погодоци на Ихар Бјалиауски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА