Пик Сегед со реми против Киелце до 1/4 финале во ЛШ

Ракометарите на Пик Сегед се пласираа во 1/4 финалето на Лигата на шампионите, откако го елиминираа полскиот тим Киелце играјќи нерешено на негов терен 32-32. Унгарската екипа стигна до „реми“ во последните мигови, откако анулираше три голови негатива, колку што му требаа на Киелце за да ја стигне предноста од првиот меч.

Пик Сегед одигра одлично прво полувреме во кое водеше во поголемиот тек од него, и да замине со предност од +2 (17-19). Во вториот дел Унгарците стигнаа и до 20-17, а потоа и минути на домаќините кои направија пресврт, и дојдоа до 22-20. Долго време потоа Киелце беше во предност, во еден миг ја имаше и предноста за пласман понатаму (29-25), меѓутоа во финишот Пик Сегед успеа да дојде до израмнување, и така да се пласира во следната фаза, каде го чека двомеч со Магдебург.

Сиско беше најефикасен ракометар на мечот и кај Киелце со осум голови, додека кај Пик Сегед Кукиќ постигна шест.

Се вчитува...