Пикадо сензацијата Лук Литлер го потпиша најголемиот договор во историјата

Сензацијата во светот на пикадото, 18-годишниот Лук Литлер само недела дена откако ја одбрани титулата Светски шампион го потпиша најголемиот договор во историјата на овој спорт.

Литер откако се проби на професионалната сцена во 2023 година досега заработи околку 3.5 милиони евра, на сметката ќе му „легнат“ околку 23 милиони евра во следните десет години по новиот договор со спонзорот „Target Darts“.

Договорот се темели на потенцијална заработка, бонуси од продажба на опрема и производи со неговото име.

Литлер засега не ги штеди парите, туку веднаш заработката ја вложува. Последниот милион фунти добиени на Светското првенство ги вложи во раскошна куќа за своите родители во родниот Варингтон.

Се вчитува...