Пике под истрага, можна суспензија од една година

Фудбалскиот сојуз на Шпанија е подготвен да покрене истрага против Жерар Пике поради изјавите што ги даде за судењето во Примера. Тој во своите изјави посочи дека судиите во Шпанија го фаворизираат Реал Мадрид, па затоа и ќе биде покрената истрага против него. Глобата што потенцијално може да му се изрече доколку се утврди дека ги прекршил правилата се движи од 600 до 3.000 евра, што секако нема да претставува проблем за дефанзивецот на Барселона.

Поголемиот проблем е што Дисциплинската комисија може да го суспендира на четири до 12 месеци.

Дисциплинската комисија ќе ги разгледа сите изјави и коментари дадени од Пике против судиите и судењето, а врз основа на тоа ќе донесе одлука дали ги прекршил правилата и на некој начин влијаел на судењето со своите коментари.

Се вчитува...