Внукот на популарната колумбиска пејачка Шакира, Тарик Антонио Мебарак го имаше дебито за тимот на Андора на кој сопственик е нејзиниот сопруг и фудбалер на Барселона, Жерар Пике.
Мебарак го одигра целиот меч за вториот тим на Андора во победата над Риалп од 4-1 во натпревар од четвртата дивизија во каталонската регионална лига. 19-годишниот фудбалер беше дел и од тренинг центрите на неколку тимови ширум светот, меѓу кои и академијата на Мајами Сокер Клуб, а тренираше и со првиот тим на Андора.
Пике клубот го купи во 2018 година, а во моментов тимот се натпреварува во шпанската Сегунда Дивизион Б, а е предводен од поранешниот фудбалер на Барселона, Габри Гарсија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА