Пике го шири бизнисот, купува и фудбалски клуб

Жерар Пике по вложувањата во новиот формат на Дејвис купот, го шири својот бизнис и во фудбалот. Според шпанските медиуми, асот на Барселона го купува тимот од Андора. Неговата цел е да направи професионален клуб кој за неколку години ќе биде конкурентен да насташува и во европските натпреварувања.

Неговата бизнис групација „Космос“ ќе ги отплати долговите на клубот, а договорот според кој набрзо ќе биде ангажиран и нов тренер во Андора, ќе биде потпишан деновиве.

Фудбалерот на Барселона реши да инвестира во овој клуб поради новото натпреварувањето што се подготвува на европско ниво, а во кое според него, за неколку години ќе има шанси да игра и неговиот клуб.

Како што најавува, Пике е подготвен да го искористи претстојниот преоден рок за да го засили тимот.

Фудбалскиот клуб Андора е основан во 1942 година, а моментно се натпреварува во регионалната каталонска лига во која се на 11.место со 17 бода. Претходно тимот на Андора учествувал и во Купот на кралот, а имаат и свој футсал тим.

Се вчитува...