Жерар Пике и кога е повреден се најде во центарот на вниманието на шпанската јавност, откако дефанзивецот на Барселона даде интервју во кое се осврна и на чудниот судиски критериум. Пике е убеден дека Барса редовно е оштетена во трките за трофеи во Шпанија бидејќи арбитрите го фаворизираат Реал Мадрид.
Според дефанзивецот, огромен процент од арбитрите во Ла Лига се родени токму во главниот град на Шпанија, што е една од причините за нееднаквиот критериум.
„Еден поранешен судија, мислам дека беше Итуралде, го има откриено тој податок, дека 85% од судиите се од Мадрид. Како тогаш тие луѓе да не судат за Реал. Не велам дека одлуките секогаш им се намерно контра Барселона, можеби тоа го прават несвесно, но ви гарантирам дека ниту еден судија роден во Мадрид никогаш нема да суди против Реал“, истакна Пике.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

