Жерар Пике најави забава до раните утрински часови по неверојатниот триумф над ПСЖ, а дефанзивецот на Барселона упати и интересен апел до болниците во каталонската престолнина.
„Болниците во Барса треба да планираат ангажирање на додатен персонал за девет месеци. Вечерва ќе има многу секс низ Барселона. Вечерва има за што да се слави, но ние играчите нема да претераме бидејќи за утре ни е закажан тренинг“ – истакна Пике.
Останува да се види дали тренерот Енрике ќе се смилува, па ќе го откаже тренингот по извонредниот успех и големата победа над ПСЖ, но и дали болниците ќе го послушаат советот на Пике.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА