Пике: Најтежок за чување ми беше Роналдо, не смееш да го тргнеш погледот од него

Пред една година, еден од најдобрите одбранбени шпански фудбалери Жерард Пике, ја  заврши кариерата. Тој беше дете на Барелона, а во кариерата играше уште и за Сарагоса и во Манчестер Јунајтед, од каде во 2008 година се врати во Барселона, и ги мина последните 15 години во кариерата.

Пике со Барселона и со Шпанија потоа освои се што можеше да се освои, од трофеј во ЛШ, до пехарите на Европското првенство и на Светското првенство. Одигра многу натпревари и за селекцијата и за клубот, а имаше и незаборавни мигови и судири со многу познати играчи.

Дефанзивецот откри кој играч му бил најтежок за чување во кариерата.

„Најдобар играч против кого имам играно е Кристијано Роналдо. Не смееш да го тргнеш погледот од него ниту за момент“, рече Пике.

Пике важеше за еден од пријателите на Роналдо, но надвор од теренот, додека на теренот немаше милост кон него. Еден против друг играа 33 пати, од кои Пике славеше 17 пати, осум пати било нерешено, а осум пати се радувал Роналдо.

Се вчитува...